Иранскиот парламент подготвува закон за наплата за премин низ Ормускиот теснец

Сподели со своите пријатели

Иранскиот парламент (Меџлис) планира да го одобри законот за наплата за премин низ Ормускиот теснец, објавија денес медиумите во Иран.

Шефот на парламентарниот комитет за градежништво изјави дека „нацртот е подготвен, но не е во фаза на целосен закон“.

Целта, како што е наведено, е да се „обезбеди безбедност за бродовите што минуваат“.

Како што објави Би-Би-Си, не беше прецизирано која би била цената на преминот.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, синоќа изјави дека Иран досега прифатил барања за бродови да минуваат низ теснецот од земји како „Кина, Русија, Пакистан, Ирак и Индија“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел: Го убивме командантот одговорен за блокадата на Ормутскиот теснец

Тој рече дека од перспектива на Иран, Ормускиот теснец „не е целосно затворен, но е затворен за непријатели“.