Иранскиот министер за надворешни работи пристигна во посета на Либан

Сподели со своите пријатели

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи утринава пристигна во посета на главниот град на Либан, Бејрут, јавија либанските државни медиуми.

Loading...

Аракчи треба да се сретне со привремениот либански премиер Наџиб Микати и со претседателот на парламентот Набих Бери, кој е близок сојузник на либанската милитантна група Хезболах, поддржана од Иран, пренесува Ројтерс.

Снимката што ја објави Ројтерс покажува како авион под иранско знаме слетува на аеродромот во Бејрут, само неколку часа по израелските воздушни напади во близина на аеродромот во текот на ноќта, пренесува Танјуг.

Иран во вторникот лансираше повеќе од 180 ракети кон Израел, велејќи дека тоа е одмазда за убиствата на лидерите на Хезболах и Хамас, како и за агресијата во Газа и Либан.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Иран ќе „плати“ за нападот.