Иранскиот министер за надворешни работи излекуван од Ковид-19

Сподели со своите пријатели

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Зариф е излекуван од новиот коронавирус, изјави претставник  на Министерството за надворешни работи.

Loading...

– Зариф има два негативни теста, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Саид Хатибзаде, цитиран од државната новинска агенција ИРНА.

Досега немаше информации од официјален Техеран дека Зариф е болен од Ковид-19 и од објавата не е јасно кога бил заразен.

Златко Шумковски

Leave a Reply