Филмот „Продавач“ на иранскиот режисер Азгар Фархади доби Оскар за најдобар странски филм. Фархади одби да присуствува на церемонијата на доделувањето на наградите во Лос Анџелес како протест на сега суспендираната наредба на претседателот Доналд Трамп за привремена забрана за влез во САД на граѓани од седум главно муслимански земји. „Делењето на светот на „нас“ и „наши непријатели“ создава страв и лажно оправдување за агресија и војна“, се наведува во пораката прочитана во негово име. Фархади има добиено Оскар за најдобар странски филм и во 2012 година за „Поделба“.
Loading...
Орбис.мк