Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, според CNN.
Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“, објави иранската државна телевизија.
Тешко вооружената и организирана гарда – која постои заедно со иранската армија и вклучува доброволни единици – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението, кое го објави CNN.

