Иран за нападот врз израелската болница: Целта беше воена база

Loading...
Сподели со своите пријатели

Иранските државни медиуми објавија дека целта на ракетниот напад утрово не била болницата Сорока во Бершева, туку воената инфраструктура на израелската армија во нејзина непосредна близина.

Според иранската агенција ИРНА, нападот бил насочен кон командниот и разузнавачкиот центар на израелската армија (IDF C4i) и воениот разузнавачки камп, кои се наоѓаат во рамките на технолошкиот парк Гав-Јам Негев, веднаш до болницата и кампусот на Универзитетот Бен Гурион.

„Директна и прецизна цел била воената инфраструктура, додека болницата била оштетена само од ударниот бран“, се наведува во извештајот.

Израел: Болница погодена од балистичка ракета

Порано денес, израелското Министерство за надворешни работи објави дека болницата Сорока била погодена од иранска балистичка ракета.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  15 цивили во Газа убиени додека чекале во ред за храна

Оваа болница, која се наоѓа во градот Бершева, обезбедува здравствена заштита на сите заедници – Евреи, муслимани, христијани и арапски бедуини, истакнува министерството.

Израел соопшти дека ќе продолжи да презема сите мерки за „заштита на сите свои граѓани, без оглед на нивната припадност“.

Нападот врз болницата е дел од поширок ракетен напад извршен од Иран на израелска територија, во услови на растечки тензии и ескалација на конфликтот меѓу двете земји.

Според достапните информации, во времето на нападот во областа на болницата имало и цивили. Повеќе од десетина лица се ранети.

Loading...