Иран: Трамп се откажа од напади по предупредувањето од Техеран

Сподели со своите пријатели

Иран тврди дека Доналд Трамп „се откажал“ од нападот врз неговите електрани по „цврстото предупредување“ од Техеран, според иранските медиуми.

Слични обвинувања изнесе и иранската амбасада во Кабул, која објави на социјалните мрежи дека Трамп се повлекол по иранските закани дека „ќе ја таргетира енергетската инфраструктура на целиот регион“, објавува „Скај њуз“.

Иранската новинска агенција Фарс, повикувајќи се на извор, исто така тврди дека немало директна комуникација со САД, ниту преку посредник, и покрај тврдењата на Трамп дека се воделе „многу добри“ разговори со Иран.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поранешен украински генерал: Копнената инвазија на САД врз Иран би била воена катастрофа