Претставници на автомобилската индустрија од Иран, Русија и Турција размислуваат за заедничка програма за дизајн и производство на автомобили, јавува Радио Слободна Европа, повикувајќи се на ирански државни медиуми.
„Постои голема можност за трипартитна соработка меѓу производителите на автомобили од трите земји. Тие можат да заземат голем дел од пазарот“, рече Мохамадреза Наџафи-Манеш, шеф на Иранската асоцијација на производители на автоделови.
Турски предлог, руски интерес
Според него, предлогот првпат бил претставен од Турција, Русија покажала интерес.
Многу западни производители на автомобили почнаа да произведуваат автомобили во Русија во последните две децении, но од почетокот на руската инвазија на Украина, повеќето се повлекоа.
Западните земји воведоа санкции кон Русија, кои ја попречуваат автомобилската индустрија во земјата.