Иран протера двајца германски дипломати

Сподели со своите пријатели

Иран протера двајца германски дипломати кои работеа во Техеран откако Берлин на 22 февруари протера двајца ирански дипломати поради смртната казна изречена на иранско-германски државјанин, соопшти иранското Министерство за надворешни работи.

Loading...

Министерството објасни дека дипломатите биле „непожелни поради мешањето на германската влада во внатрешните и судските работи“ на Иран.

Германија протера ирански дипломати поради смртната казна на дисидентот Џамшид Шармад

На 22 февруари Берлин објави дека протерал двајца ирански дипломати бидејќи Иран го осудил дисидентот Џамшид Шармад (67) на смрт. Берлин го оцени како „апсолутно неприфатливо“.

Шармад беше обвинет за учество во напад во април 2008 година на џамија во Шираз, јужен Иран, во кој загинаа 14 лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жена жива изгоре во метрото во Њујорк, напаѓачот уапсен (ВИДЕО)

Тој беше обвинет и дека имал контакти со „функционери на ФБИ и ЦИА“ и дека се обидел да „контактира со агентите на Мосад“.

Најмалку 16 лица со западни пасоши се во затвори во Иран

Во иранските затвори има најмалку 16 лица со западни пасоши. Повеќето од нив имаат двојно државјанство, но Иран не го признава тој статус за своите граѓани.

Шармад беше осуден на смрт откако ЕУ воведе нови санкции за задушување на протестите во Иран што избувнаа по смртта на 16 септември во притвор на младата Иранка со курдско потекло, Махса Амини.