Иран претстави дрон со „најдолг дострел во светот“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Вчера, на годишнината од почетокот на поранешната војна против Ирак, Иран ја покажа својата воена опрема, вклучително и „дрон со најдолг дострел во светот“ заедно со балистички и хиперсонични ракети, објавија иранските државни медиуми.

Loading...

Соопштено е дека дронот за прв пат ѝ бил претставен на јавноста на парадата која се емитувала во живо, а биле прикажани и дроновите „Мохаџер“, „Шахед“ и „Араш“.

Исламската Република минатиот месец објави дека развила напредно беспилотно летало наречено „Мохаџер 10“ со подобрен дострел и времетраење на летот, како и поголем капацитет за носивост, пренесува Ројтерс.

Ова беспилотно летало има оперативен домет од 2.000 километри и може да лета до 24 часа, објавија државните медиуми, додавајќи дека неговата носивост може да достигне 300 килограми, што е двојно повеќе од капацитетот на дронот Мохаџер 6.

Американските власти го обвинија Иран дека и доставил на Русија дронови Мохаџер 6, меѓу другите беспилотни летала, за нејзината војна против Украина, тврдењата што Техеран ги негираше.

Претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, на парадата во главниот град Техеран вчера изјави дека иранските сили ја гарантираат безбедноста во регионот и во Персискиот залив.

Тој додаде дека тоа може да биде „добар пример во регионот дека отпорот е начин на денешницата“.

„Она што го одвраќа непријателот не е потчинување и колебање, туку отпор“, изјави Раиси.

Loading...

САД во вторникот воведоа нови санкции поради развојот на беспилотни летала и воени авиони од страна на Техеран, насочени кон повеќе луѓе и ентитети во Иран, Русија, Кина и Турција, пренесува Танјуг.

Иранско-ирачката војна започна на 22 септември 1980 година, кога силите на тогашниот ирачки претседател Садам Хусеин го нападнаа Иран.

Тоа траеше до 1988 година и имаше катастрофални економски последици, со најмалку половина милион жртви.