Иранските власти денеска погубија поранешен вработен во банка, осуден за убиство на висок свештеник во април, објавија државните медиуми.
Ајатолахот Абас Али Сулејмани (77) беше највисокиот член на иранското свештенство кој беше убиен, по протестите и крвавата пресметка меѓу безбедносните сили и демонстрантите, пренесува АП.
Демонстрантите излегоа на улиците на иранските градови огорчени од смртта на 22-годишната Махса Амини во притвор на Полицијата за морал во септември 2022 година.
Протестите, сепак, постепено стивнаа во првите месеци од оваа година.
Во извештајот на официјалната иранска новинска агенција ИРНА, се наведува дека егзекуцијата била извршена во градот Бабол, во провинцијата Мазандаран на северот на Иран, во присуство на семејството на осуденикот.
ИРНА јавува дека иранскиот суд ја донел смртната казна во мај, како и дека Врховниот суд ја потврдил првостепената одлука на повисока судска инстанца, но не е прецизирано како е извршена смртната казна, иако Иран најчесто се применува егзекуции со бесење.
Властите не понудија мотив за нападот во април во Баболсар, град во близина на местото на егзекуцијата.
Али Сулејман некогаш беше личен претставник на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи во немирната југоисточна иранска провинција Систан и Белучистан.
Иако шиитското свештенство долго играше важна улога во Иран, особено по Исламската револуција во 1979 година, незадоволството порасна во последните години поради бранот протести низ целата земја поради економски, политички и граѓански прашања, наведува АП.