Иран: Подготвени сме за индиректни разговори со САД за нуклеарното оружје

Сподели со своите пријатели

Иран вчера соопшти дека е отворен за индиректни разговори со САД, откако претседателот Доналд Трамп побара преговори за нов нуклеарен договор.

Loading...

„Патот е отворен за индиректни преговори“, рече иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, отфрлајќи ја можноста за директни разговори „додека не дојде до промена во пристапот на другата страна кон Исламската Република“, пишува The Economic Times.

Највисокиот ирански дипломат рече дека Техеран нема да се вклучи во директни разговори со Вашингтон под закани и се додека Трамп ја одржува својата политика за „максимален притисок“.

Според таа политика во неговиот прв претседателски мандат, Трамп ги повлече САД од клучниот договор за иранската нуклеарна програма во 2018 година и повторно воведе осакатувачки санкции кон Техеран.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков: Резултатите од руско-американските разговори во Ријад нема да бидат јавно објавени

Договорот, потпишан во 2015 година меѓу Техеран и западните сили, бара од Иран да ги ограничи своите нуклеарни амбиции во замена за укинување на санкциите.

Збогатување исклучиво за мирољубиви цели

Западните земји, вклучително и САД, долго време го обвинуваат Иран за нуклеарно оружје, што Техеран го негираше, инсистирајќи дека неговите активности за збогатување се исклучиво за мирољубиви цели.

Претходно овој месец, на 7 март, Трамп рече дека напишал писмо до иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, повикувајќи на нуклеарни преговори и предупредувајќи за можна воена акција доколку Техеран одбие.

Loading...

Писмото беше доставено до Техеран на 12-ти март преку советникот на претседателот на ОАЕ, Анвар Гаргаш, објави тогаш иранската новинска агенција Фарс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ердоган: Турско-американските односи може да бидат поинакви со Трамп

Во петокот Хамнеи рече дека американските закани „нема да ги одведат никаде“, предупредувајќи на реципрочни мерки „ако направат нешто злонамерно“ против Иран.

Арагчи во четвртокот рече дека писмото на Трамп е „повеќе закана“, но додаде дека тоа исто така може да отвори некои можности и дека Техеран наскоро ќе одговори.

Градење доверба со Иран Американскиот пратеник за Блискиот Исток Стивен Виткоф, во интервју објавено во петокот, рече дека целта на Трамп е да избегне воен конфликт преку градење доверба со Иран.

Тој инсистираше на тоа дека писмото не било наменето како закана.

Техеран и Вашингтон ги прекинаа дипломатските односи по иранската исламска револуција во 1979 година, со која беше соборен Шахот поддржан од Западот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ријад: Во тек е нова средба Украина - САД за прекинот на огнот во Украина

Оттогаш, швајцарската амбасада во Техеран ја олесни комуникацијата меѓу двете нации.

Заливската држава Оман, исто така, посредуваше во индиректните разговори за иранското нуклеарно прашање преку таканаречениот „процес Мускат“, за кој Арагчи во октомври рече дека „моментално е закочен“.

Loading...