Иран планира клиники за да ги убеди жените кои одбиваат да носат хиџаб

Сподели со своите пријатели

Иранските власти размислуваат да отворат специјални клиники во земјата за жени кои одбиваат да носат хиџаб на јавни места, каде би им била укажана психолошка помош, јавува иранската новинска агенција Аср-е Иран.

Loading...

„Како одговор на бројните барања од семејствата, Техеран, благодарение на консултациите и поддршката на персоналот, ќе ја отвори првата „Клиника за помош и третман за жени кои не сакаат да носат хиџаб“.

Во клиничките центри на жените кои ќе одбијат да ја покријат главата со хиџаб ќе им биде дадена помош за да ги убедат да се вратат на традиционалното исламско покривање на главата“, се вели во соопштението, пренесува РИА Новости.

Прашањата во врска со почитувањето на правата на жените, а особено правилата за носење хиџаб, вклучително и шамии, кои мора да ја покриваат главата на секоја жена во Иран, се зголемија по немирите што ја зафатија земјата во есента 2022 година.

Масовните протести и бунтот против носењето хиџаб започнаа во средината на септември поради смртта на Махса Амини, откако таа беше приведена од полицијата за морал затоа што одби да се усогласи со традиционалните принципи.

Махса Амини, млада Иранка со курдско потекло почина во полициски притвор во Техеран на 16 септември 2022 година, откако беше однесена поради наводно кршење на контроверзниот закон за хиџаб.

Демонстрантите ја обвинуваат владата за смртта на Махса.

Иранките почнаа масовно да објавуваат видеа на социјалните мрежи на кои се шишаат и го палат својот хиџаб.

Loading...

Властите во Техеран ги обвинија западните земји дека ги поддржуваат демонстрантите и го повикаа иранското население да направи револуција и да ја собори владата во земјата, пренесува Танјуг.