Иран: Ние не испукавме ракета кон Израел

Loading...
Сподели со своите пријатели

Иранските државни медиуми објавија дека Иран ги негира обвинувањата на израелските власти дека испалил ракета кон Израел откако стапил во сила прекинот на огнот.

Ова е одговор на претходната изјава на израелскиот министер за одбрана Израел Кац, кој го обвини Техеран за кршење на договореното примирје и најави „силен одговор“ од израелската армија.

Откако министерот за одбрана на Израел изјави дека наредил нови напади врз Техеран, бидејќи, како што тврди, ИДФ пресретнале две ракети од Иран, се огласи друг министер од владата на Израел.

Крајнодесничарскиот израелски министер за финансии, Безалел Смотрич, издаде злокобно предупредување откако израелската војска пријави ракетен напад од Иран.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израелски министер: Техеран ќе се тресе

Смотрич објави кратка порака на хебрејски јазик на социјалната мрежа X: „Техеран ќе се тресе“.

Инаку, израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, ѝ нареди на израелската армија „силно да одговори на кршењето на прекинот на огнот од страна на Иран со интензивни напади врз режимски цели во срцето на Техеран“, според медиумските извештаи.

Ова доаѓа кратко откако израелската војска изјави дека сега е безбедно да се напушти засолништето.

„Тајмс оф Израел“ објави дека Иран испалил две балистички ракети и дека обете биле пресретнати.

Loading...