Иранските безбедносни сили идентификуваа и неутрализираа терористичка група на западот на земјата, јави денеска ИРНА.
Loading...
Според агенцијата, групата дејствувала во провинцијата Илам и била вклучена во организацијата на неодамнешните немири во земјата.
Терористите планирале да ги нападнат објектите на војската и безбедносните сили, користејќи гранати и запаливи средства кои самите ги направиле.
Според прелиминарните информации, групата имала врски со странски организации, пренесува иранската новинска агенција.