Денеска Иран ги отфрли обвинувањата дека збогатил ураниум до 84 проценти чистота, што е блиску до степенот на нуклеарно оружје.
„До сега не сме се обиделе да збогатиме над 60 проценти. Присуството на честички над 60 отсто збогатување не значи производство со збогатување над 60 отсто“, изјави портпаролот на иранската организација за атомска енергија Бехруз Камалванди, пренесе официјалната новинска агенција ИРНА.
Иран збогатува ураниум до 60 проценти чистота од април 2021 година, а медиумите објавија дека пред три месеци почнал да збогатува ураниум на втората локација Фордов, која е закопана во планините и дека чистотата е околу 90 проценти.
Bloomberg News во неделата објави дека инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) откриле ураниум збогатен до 84 отсто минатата недела.
Камалванди го окарактеризира извештајот како клевета и рече дека ги искривува фактите, објави Ројтерс.
Инспекторите на МААЕ ја следат иранската нуклеарна програма, бидејќи Америка и другите западни земји стравуваат дека Техеран може да произведе нуклеарно оружје, пренесува Танјуг.