Иран: Нападите ќе се прошират и ќе се интензивираат

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Централниот штаб на иранската армија, полковник Ибрахим Золфгари, денес изјави дека одговорот на американско-израелскиот напад врз земјата ќе биде проширен и интензивиран, и дека иранската армија продолжува да пресретнува израелски и американски авиони и беспилотни летала низ целата земја.

Тој рече дека Израел се обидел да ги скрие своите воени ресурси меѓу цивилните области, но дека иранските сили продолжуваат да ги лоцираат и напаѓаат, објави Press TV.

„Кукавичките воени сили и објекти на ционистичкиот режим се криеле во цивилните и јавните слоеви. Но, откривањето и нападите врз агресорите ќе продолжат, а во наредните денови трендот на напади ќе стане поинтензивен и поширок“, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Макрон повикува да се спречи ширењето на војната со Иран во Либан

Според неговите зборови, рано утрово иранската армија следела и уништила еден борбен авион F-15E и четири напредни извидничко-борбени беспилотни летала – Hermes 900 и MQ-9 – на небото над западните, југозападните и јужните делови на земјата.

Американско-израелските напади врз Иран започнаа во сабота, на 28 февруари, а Иран одговори со гаѓање цели во Либан, Бејрут, Кувајт и други земји од Блискиот Исток, пренесува Танјуг.