Иран: Над 200 убиени во нападите, над 700 ранети

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на иранската Црвена полумесечина изјави за новинската агенција Мехр дека американските и израелските напади погодиле 24 ирански провинции, при што загинале најмалку 201 лице, а 747 се ранети.

Портпаролот изјави дека повеќе од 220 екипи на Црвената полумесечина се распоредени на погодените локации и дека спасувачките операции се уште се во тек.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МНР: Македонците да се воздржат од патувања кон Блискиот исток