Иран: Маж осуден на смрт поради шпионирање за Велика Британија

Сподели со своите пријатели

Ирански суд осуди на смрт британско-ирански државјанин откако го прогласи за виновен за шпионирање за Велика Британија, соопшти судското тело во средата, што го налути Лондон, кој побара да не се изврши пресудата.

Loading...

„Алиреза Акбари е осуден на смрт за корупција и загрозување на внатрешната и надворешната безбедност на земјата со пренесување информации“, пишува Мизан онлајн.

Шефот на британската дипломатија Џејмс Клеверли на Твитер остро реагираше:

„Иран мора да ја запре егзекуцијата на британско-иранскиот државјанин Алирез Акбари и веднаш да го ослободи“.

„Тоа е политички мотивиран чин на варварски режим кој целосно го презира човечкиот живот“, посочи тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ ги демантира медиумите: Сопругата на Асад не поднела барање за развод

Мизан онлајн не го прецизираше датумот на апсењето и изрекувањето на пресудата, што беше потврдено од Врховниот суд.

Од агенцијата не соопштуваат ништо за должноста на осудениот.

Но, тој наведува, повикувајќи се на соопштението за печатот на Министерството за информации, дека Акбари бил „главен шпион“ на британската „тајна разузнавачка служба“ поради „важноста на неговата позиција“.

Loading...

На таа служба и пренел „важни информации“, вели истиот извор.

На почетокот на декември четворица Иранци беа погубени откако беа осудени на смрт за „соработка“ со Израел, заколнатиот непријател на Исламската Република.

Врските меѓу Техеран и Лондон беа затегнати во последните години поради апсењето на неколку лица со двојно иранско-британско државјанство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија 2024 - година за заборав: Падна Владата, тероризам, подемот на АФД, драмата во VW...

Програмата на N1 TV LIVE можете да ја следите на овој линк како и преку апликации за Android|iPhone/iPad