Иран лани погубил најмалку 834 луѓе, најмногу од 2015 година

Сподели со своите пријатели

Иран погубил најмалку 834 луѓе во 2023 година, што е „алармантно“ зголемување од 43 отсто во споредба со 2022 година и најголем број од 2015 година, според годишниот извештај на невладините организации Иран за човекови права и Заедно против смртната казна.

Loading...

„Бројот на егзекуции буквално експлодираше во 2023 година“, се истакнува во овој 16-ти извештај на невладините организации за смртната казна во Иран.

„Ова е втор пат во 20 години бројот на егзекуции да го надмине прагот од 800 годишно“, тврдат овие организации, осудувајќи ја „страшната“ бројка.

Егзекуциите во Иран, една од земјите во која заедно со Кина и Саудиска Арабија извршуваат најмногу смртни казни, се извршуваат со бесење.

Во 2023 година во Исламската Република Иран биле егзекутирани најмалку 22 жени, што е најголем број во последните десет години, според овие невладини организации.

Репресија по демонстрации

Во 2015 година, иранските власти егзекутираа 972 лица, потсетуваат Иран за човекови права (IHRNGO), со седиште во Норвешка, и Заедно против смртната казна (ЕЦПМ), со седиште во Париз.

Во извештајот од 100 страници, невладината организација го обвини Иран дека ја користи смртната казна како „алатка за политичка репресија“ по големото протестно движење во земјата.

Тоа движење беше поттикнато од смртта на Махса Амини, 22-годишна иранска Курдка, во септември 2022 година, три дена откако беше уапсена од полицијата за морал поради несоодветна облека.

Loading...

Нејзиното семејство и активистите за човекови права тврдат дека била претепана до смрт, што иранските власти го негираат.

Демонстрациите, кои го потресоа иранскиот режим неколку недели, сега се смирија соочени со репресијата што доведе до смрт на стотици луѓе, според групите за човекови права, и илјадници апсења, според ОН.

„Внесувањето страв во општеството е единствениот начин да се задржи режимот на власт, а смртната казна е неговиот најважен инструмент“, рече Махмуд Амири-Могадам, директор на IHRNGO, во соопштението за печатот.

„Нема силна реакција на меѓународно ниво“

Извештајот во својата статистика не вклучува „најмалку 551 лице убиени за време на демонстрации или други вонсудски егзекуции внатре и надвор од затворите“, се вели во соопштението.

Според тие невладини организации, најмалку осум демонстранти се меѓу погубените во 2023 година, од кои шест биле уапсени во контекст на протестите и осудени.

Махмуд Амири-Могадам вели дека е многу загрижен „за моменталниот недостаток на силна реакција на меѓународно ниво“ на овие егзекуции, во контекст на фокусот на меѓународната заедница на војната меѓу Израел и Хамас.

Иран за човекови права и ECPM ја повикуваат меѓународната заедница „да ја стави смртната казна на врвот на агендата во секој дијалог со претставниците на Исламската Република“.