Иран ја предупреди Британија: Ако учествувате во агресијата, го задржуваме правото да одговориме

Сподели со своите пријатели

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, во телефонски разговор ја предупреди својата британска колешка Ивет Купер дека Велика Британија, дозволувајќи им на САД да ги користат своите воени бази, учествува во агресија.

Аракчи го критикуваше, како што рече, „пристрасниот и негативен“ став на Велика Британија и некои други европски земји кон американско-израелската агресија против Иран.

Во објава на Телеграм, тој рече дека давањето каква било помош на тие земји „само ја влошува и дополнително ја комплицира ситуацијата“.

„Со тоа што им дозволувате на САД да ги користат вашите воени бази, директно учествувате во агресија. Ваквите дејствија несомнено ќе се сметаат за учество во агресија и ќе останат запишани во историјата на односите меѓу нашите две земји“, рече Аракчи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран објави снимка: „Го погодивме симболот на американската ароганција“ (ВИДЕО)

„Во исто време, го задржуваме нашето неотуѓиво право да го браниме суверенитетот и независноста на земјата“.

Претходно овој месец, британскиот премиер Кир Стармер им одобри на САД да ги користат базите на RAF Ферфорд во Глостершир и Диего Гарсија во Индискиот Океан за „одбранбени“ акции против иранските ракетни позиции.

Во последните две недели, во базата Ферфорд беше забележана зголемена активност на американските воени авиони.