Иран ја повика Европа да преземе ефективни мерки

Сподели со своите пријатели

Иранските власти ја повикаа Европа да преземе „практични, ефикасни и одговорни мерки“ за опстанок на меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма.

Loading...

– Инсистираме на реципроцитет на правото и задачите меѓу потписниците на договорот од 2015 година, изјавил портпаролот на иранската дипломатија Абас Мусави.

Според негови зборови, не е реално да се очекува Иран да се врати на условите пред 8 мај 2019 година, а Европејците да не покажат политичка волја и способност, и да дозволат Иран во пракса да го користи договорот.

Мусави реагирал на повикот на Франција, Велика Британија и Германија, кои го имаат потпишано меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма, иранските власти да ги смират тензиите и да го продолжат дијалогот.

– Загрижени сме поради опасноста договорот постигнат во 2015 година да пропадне под притисок на санкциите кои САД ги воведе и одлуките на Иран да не применува никакви обврски од договорот, се наведува во заедничкото соопштение, а пренесува Елисејската палата.

Се додава дека три земји се длабоко загрижени поради неодамнешните случувања во Заливот и влошувањето на безбедносната ситуација во тој регион.

– Веруваме дека дојде момент да го разбереме делувањето и пронаоѓањето на начин за спречување на ескалација на тензиите и враќање кон дијалогот, се наведува во соопштението.

Меѓународната агенција за атомска енергија потврди дека Иран на 8ми јули започнал да го збогатува ураниумот над дозволеното ограничување од 3,67 отсто.

Loading...

Покрај тоа Иран се закани дека нема да ги почитува одредбите од нуклеарниот договор за 60 дена доколку не се пронајде решение и не се исполнат иранските барања.

Иранските мерки најавени на 8ми мај претставуваат одгоров на американското повлекување од договорот и повторно воведување на санкциите.

Image by Clker-Free-Vector-Images from Pixabay

Leave a Reply