Иран и Египет го поздравија примирјето меѓу Израел и Хезболах, а се огласија и Хутите

Сподели со своите пријатели

Иранското Министерство за надворешни работи ја поздрави веста за прекин на „израелската агресија врз Либан“ откако утрово стапи на сила прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах.

Loading...

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, ја истакна „цврстата поддршка“ на Иран за либанската влада, народ и „отпор“, мислејќи на вооружената група Хезболах, која Иран ја поддржува воено и финансиски.

Иран традиционално е близок до Хезболах и ја поддржува таа организација во борбата против Израел, кој се смета за клучен сегмент од надворешната политика на Иран на Блискиот Исток, истакнува медиумската куќа „Ал Џезира“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нови напади во Газа: 15 мртви, меѓу кои и синови на поранешниот портпарол на Хамас

Прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах стапи на сила утринава во 04:00 часот по локално време.

Египет го поздрави прекинот на огнот во Либан: Тоа ќе доведе до деескалација

Египет го поздрави прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах во Либан, кој стапи на сила рано утринава, соопшти египетското Министерство за надворешни работи.

Ова ќе доведе до деескалација на тензиите во регионот, се вели во соопштението, пренесува Ројтерс.

Јеменските Хути го поддржаа прекинот на огнот меѓу Хезболах и Израел

Јеменските бунтовници изразија поддршка за договорот за прекин на огнот меѓу либанскиот Хезболах и Израел кој стапи на сила рано утринава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Хутите „веруваат во изборите“ на Хезболах, изјави портпаролот на групата, Абдул Салам Салах, откако либанското движење склучи примирје со Израел, пренесува Ал Џезира.

Loading...

Тој ја пофали „упорноста на Хезболах и либанскиот народ наспроти бруталната израелска агресија“.

Салах додаде дека „израелскиот непријател немаше да го поднесе и прифати примирјето“ доколку не се соочише со цврст отпор од Хезболах.

Хутите поддржани од Иран извршуваат напади врз израелски цели, како и бродови во меѓународните води во близина на Јемен, во знак на протест против израелската војна во Газа, според Ал Џезира.