Иран го отвори својот воздушен простор за прв пат по војната

Сподели со своите пријатели

Иранските власти вечерва објавија дека го отвориле повторно својот воздушен простор, вклучително и над Техеран, кој беше затворен на 13 јуни, првиот ден од воздушните напади на Израел врз Иран.

Loading...

„Меѓународните аеродроми „Мехрабад“ и „Имам Хомеини“ во Техеран, како и оние на север, исток, запад и југ од земјата, се повторно отворени и се подготвени за летови“, објави ИРНА.

Иранскиот воздушен простор беше целосно затворен на 13 јуни по почетокот на нападот на Израел врз Иран, додека на 25 јуни, денот по прекинот на огнот, летовите постепено продолжија, но само на истокот од земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Штрајк на контролорите во Франција, откажани 1500 летови...

Потоа Иран го прошири отворањето на својот воздушен простор за странски авиокомпании што летаат над неговата територија на 28 јуни.

Агенцијата ИРНА прецизираше дека само аеродромите во Исфахан (централен дел на Иран) и Тебриз (северозапад), два града кои постојано беа цел на израелски напади, ќе останат затворени додека нивната инфраструктура не биде повторно оперативна.