Израелската армија утрово објави дека ракетите биле лансирани кон Израел од правец на Иран и дека одбранбените системи работат на нивно пресретнување.
Потоа се огласија сирени во централен Израел, според „Тајмс оф Израел“.
Службите за итни случаи одговорија на извештаите за неколку удари, веројатно предизвикани од бомби.
Израелската војска соопшти дека проценува дали иранската балистичка ракета испукана кон централен Израел утрово носела касетна боева глава.

