Иран ги продолжи нападите врз Израел и земјите од Персискиот Залив поради атентатот врз Лариџани

Сподели со своите пријатели

Утрово, Иран ги продолжи нападите врз земјите од Персискиот Залив и Израел како одговор на атентатот врз високиот воен функционер Али Лариџани, а вести за мртви и ранети стигнаа од неколку места.

Израел го продолжи притисокот врз Либан со напади за кои рече дека биле насочени кон бунтовниците од проиранската група Хезболах, при што загинаа најмалку шест лица во напади врз станбени згради во Бејрут.

Во Иран, комплексот на нуклеарната централа Бушер беше погоден од ракета, но немаше повредени, а електраната не претрпе никаква штета, објави Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел тврди дека Ларијани и командантот на Басиџ се убиени, Иран без реакција

Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, го повтори својот повик „за максимална воздржаност за време на конфликт за да се спречи ризикот од нуклеарна несреќа“.

Цената на суровата нафта Брент, меѓународен стандард, рано утрово беше сè уште над 100 долари за барел.

Иранското судство објави дека еден човек е погубен под обвинение за шпионажа за израелската разузнавачка агенција Мосад, а новинската агенција Мизан го идентификуваше како Курош Кајвани и објави дека тој „дал слики и информации за чувствителни локации“ на Израел.

Утрово беа пријавени нови напади во неколку земји од Персискиот Залив, вклучително и во Источната покраина на Саудиска Арабија, каде што се наоѓаат многу од нејзините нафтени полиња, Кувајт, Бахреин, Катар и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран жестоко го нападна Тел Авив, има мртви, ужасни снимки од местото на нападот (ВИДЕО)

Иран, исто така, не се откажа од контролата врз Ормутскиот теснец, бродска рута низ која поминува една петтина од светската нафта.

Паволабената Револуционерна гарда на Иран утрово објави дека, поради убиството на Лариџани, го таргетирала централниот дел на Израел со ракети.

Медицинската служба на Израел соопшти дека две лица загинале во Рамат Ган, источно од Тел Авив.

Амбасадата на САД во Багдад, исто така, била нападната утрово, изјавија двајца ирачки безбедносни претставници.

Израел срамни со земја станбена зграда во центарот на Бејрут околу еден час откако издаде известување за евакуација, што е четврти пат зградата да биде цел на напад.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Туск: Полска нема да испраќа војници на Блискиот Исток

Израелската војска тврди дека Хезболах ја користи зградата за складирање „милиони долари наменети за финансирање на своите активности“, без да даде докази.

Либанското Министерство за здравство објави дека најмалку шест лица се убиени, а 24 се ранети во други напади врз станбени згради во центарот на Бејрут.

Израелската војска, исто така, соопшти дека започнала бран напади насочени кон Хезболах во јужен Либан „како одговор на гранатирањето на израелска територија“.