Иран ги предупреди земјите од Блискиот Исток дека американските воени бази на нивна територија би можеле да бидат цел на напади доколку САД одлучат да интервенираат, изјави висок ирански функционер за Ројтерс.
Функционерот рече дека Техеран контактирал со земји како Саудиска Арабија, ОАЕ и Турција, барајќи од нив да спречат потенцијални американски напади врз Иран.
„Техеран им кажа на земјите во регионот, од Саудиска Арабија и ОАЕ до Турција, дека американските бази во тие земји ќе бидат нападнати доколку САД го таргетираат Иран… барајќи од тие земји да го спречат Вашингтон да го нападне Иран“, изјави функционерот за Ројтерс.

