Иран ги блокира бродовите на клучната рута за нафта, изјави претставник на ЕУ

Сподели со своите пријатели

Бродовите кои пловат низ Ормутскиот теснец добиваат пораки од Иранската револуционерна гарда во која се наведува дека „ниту еден брод не смее да помине низ Ормускиот теснец“.

Ова го изјави официјален претставник на поморската мисија на Европската унија Аспидес, пишува Ројтерс.

Ормускиот теснец е еден од најважните светски патишта за извоз на нафта.

Ги поврзува најголемите производители на нафта во Персискиот Залив – кои ги вклучуваат Саудиска Арабија, Иран, Ирак и Обединетите Арапски Емирати – со Оманскиот Залив и Арапското Море.

Истиот функционер истакна дека Иран сè уште официјално не ја потврдил таквата наредба. И покрај тоа, Техеран со години се заканува дека ќе го блокира тесниот воден пат, наведувајќи го како можна одмазда за секој напад.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Погодена станбена зграда во Бахреин (ВИДЕО)

Што е Ормускиот теснец и зошто е толку важен?

Ормускиот теснец е еден од најважните нафтени коридори во светот и има исклучително геостратешко значење.

Светската економија во голема мера зависи од протокот на нафта на тој начин.

Теснецот се наоѓа помеѓу Оман и Иран, поврзувајќи го Персискиот Залив на север со Оманскиот Залив на југ и Арапското Море.

Во својот најтесен дел тој е широк само 33 километри, а самиот бродски воден пат е долг само 3 километри.

Зошто е толку важно?

Околу 20% од вкупната потрошувачка на нафта во светот минува низ Ормутскиот Теснец.

Според податоците на аналитичката компанија Вортекс, од почетокот на 2022 година до минатиот месец низ теснецот дневно течеле меѓу 17,8 и 20,8 милиони барели сурова нафта, кондензат и гориво.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пентагон: Операцијата против Иран се нарекува „Епски бес“

Членките на ОПЕК (Саудиска Арабија, Иран, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Ирак) го извезуваат најголемиот дел од својата сурова нафта во таа насока, главно на азиските пазари.

Петтата флота на американската морнарица, со седиште во Бахреин, е одговорна за безбедноста на поморската трговија во таа област.

Што би се случило доколку Иран го затвори?

Затворањето на теснецот би било начин да се нанесе директна штета на Трамп, бидејќи тоа би предизвикало ненадеен скок на цените на нафтата и бран на инфлација, и во САД и на глобално ниво.

Но, таков потег би бил и сериозен чин на економско самоуништување за Иран. И иранската нафта влегува на светскиот пазар преку истиот премин, па затворањето на Ормускиот теснец може да предизвика интервенција на арапските земји од Персискиот залив, кои веќе остро го критикуваа израелскиот напад и би можеле да тргнат во одбрана на сопствените интереси.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иранскиот претседател Пезешкијан е безбеден и здрав, тврдат државните медиуми

Посебно би била погодена Кина, втората по големина економија во светот, која купува речиси 90 отсто од извозот на нафта на Иран, и покрај меѓународните санкции.