Иран гаѓаше израелски центри за сајбер технологија и фабрика за оружје

Сподели со своите пријатели

Иран објави дека во напади со дронови ги таргетирал израелските центри за сајбер технологија и објектот за производство на оружје, објави новинската агенција Тасним, повикувајќи се на иранската војска.

Агенцијата изјави дека од утрово се извршени напади врз „центрите за кибертехнологија на ционистичкиот режим“ и врз комплексот за производство на оружје на компанијата „Рафаел Адвансд Дифенс Системс“, објави Ал Џезира.

Според истиот извор, целите биле погодени во напади со беспилотни летала.

Иранската страна тврди дека целите биле објекти поврзани со израелската полиција и воена индустрија, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кој е Али Лариџани, еден од најмноќните луѓе во Иран. Израел тврди дека го убиле!