Иран бара помош од Путин, Хамнеи му испрати писмо: Еве што очекува од Русија!

Loading...
Сподели со своите пријатели

Иран очекува Русија да игра активна улога во моментот на конфликт меѓу Техеран и Вашингтон, изјави денес портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи.

Исто така, денес иранскиот министер за надворешни работи му предаде писмо од врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, на претседателот на Русија, Владимир Путин, за време на неговата посета на Москва, потврди висок извор за агенцијата Ројтерс.

Како што објави Скај њуз, писмото содржи барање за поголема руска поддршка за Иран, особено во контекст на растечките тензии со Израел и Соединетите Американски Држави.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хамнеи: Го казнуваме ционистичкиот режим за неговиот тежок злочин

Официјален Техеран, според ирански извори, е незадоволен од моменталното ниво на руска поддршка и очекува поконкретни чекори од Москва.

„Иран, во рамките на Сеопфатното стратешко партнерство со Русија, има специфични очекувања од оваа земја, како на мултилатерално ниво, особено во Советот за безбедност на ОН, така и на регионално ниво“, изјави ирански функционер, според Ројтерс.

Иако не е прецизирано точно каква помош бара Техеран, јасно е дека Иран очекува посилен сојуз со Русија.

Русија, долгогодишен сојузник на Иран, има значајна улога во нуклеарните преговори со Западот како постојана членка на Советот за безбедност на ОН и потписничка на нуклеарниот договор од кој САД се повлекоа за време на првиот мандат на Доналд Трамп во 2018 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иранците соборија едно од најскапото оружје на Израел (ВИДЕО)

Претседателот Путин претходно понуди да посредува меѓу САД и Иран, но досега нема конкретен напредок на тој план.

Loading...

Тој додаде дека денешната посета на иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, на Москва и планираните средби со руски претставници се сметаат за многу важни.

Рускиот претседател Владимир Путин денес ќе се сретне со иранскиот министер Аракчи, објави претходно Кремљ.

Соединетите Американски Држави спроведоа внимателно координиран воздушен маневар со цел измама, пред да извршат напади врз три ирански нуклеарни објекти – во Натанц, Фордо и Исфахан – во текот на ноќта помеѓу саботата и неделата, пишува Њујорк Тајмс.

Според весникот, американската војска испратила две групи стратешки бомбардери Б-2 од база во државата Мисури приближно во исто време.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вашингтон пост: Како Израел ги лажеше САД со години?

Едната група летала на запад, кон островот Гуам, со вклучени транспондери за да можат нејзините движења да бидат следени од комерцијални сателити.

Оваа акција имала за цел да создаде илузија за планираната насока и време на нападот.