Ирак и Франција потпишаа договор вреден 24,64 милијарди евра

Сподели со своите пријатели

Ирачката влада и францускиот производител на нафта TotalEnergy денеска потпишаа долго одложуван договор вреден 24,64 милијарди евра.

Loading...

Овој договор се однесува на четири проекти поврзани со нафта, гас и енергија од обновливи извори во Ирак, пренесува Ројтерс.

Договорот беше потпишан во 2021 година и предвидуваше почетна инвестиција од 9,13 милијарди евра во областа на југот на Ирак, но неговата реализација беше одложена.

Главната причина беа несогласувањата меѓу ирачките политичари околу условите на овој договор, потсетува британската агенција.

Како што е наведено на сајтот на француската компанија, државната нафтена компанија Басра ќе има удел од 30 отсто, а КатарЕнерџи 25 отсто.

Конзорциумот ќе ја има следната структура – TotalEnergy 45 проценти, Basra Oil Company 30 проценти, Qatar Energy 25 проценти, како што беше договорено во април.