Инвазија на стаорци на бреговите на Австралија

Сподели со своите пријатели

Стаорците во последните денови ги напаѓаат рибарските села во северна Австралија, поради што жителите секое утро мораат да ги чистат плажите од купишта мртви глодари.

Loading...

Стаорците постепено се доближуваат до брегот по исклучително дождливата сезона во внатрешноста на Австралија.

Малите цицачи се упатија кон Карумба и Нормантон во Квинсленд, каде напаѓаат домашни животни, се качуваат на чамци и ги влечат жиците од автомобилите.

„Стаорците се насекаде. Тие се толку дрски што излегуваат преку ден“, изјави за АФП Дерек Лорд, 49-годишен жител на Нормантон, кој води компанија за изнајмување автомобили.

„Буквално уништија едно возило“

„Тие буквално уништија едно возило во текот на ноќта со извлекување на жиците“, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рекордна топла 2024 година, прва што го проби прагот на затоплување од 1,5 степени

Стаорците го нападнаа и соседното село Карумба, популарно место за риболов. Купишта мртви, удавени глодари се испуштаат на брегот секој ден, рече Џема Проберт, сопственичка на рибарски брод.

„Минатата недела ги имавме по плажите, некои живи, некои мртви… Локалниот совет ги чисти плажите секое утро, само за да се обиде да ги држи (стаорците) подалеку“, рече таа.

Во австралиската околина, обилните дождови често се придружени со популациони експлозии на штетници како што се скакулци, стаорци и глувци.

Loading...