Инвазија на глодари во Париз

Сподели со своите пријатели

Францускиот главен град Париз е преплавен од глодари, а за тоа граѓаните ја обвинуваат граодначалничката Ан Идалго. Нејзините противници од редовите на социјалистите ја користат наездата од глодари за да ја нападнат повеќе внимание да посвети на активистите за заштита на животните отколку на јавната хигиена.

Глодарите одамна се дел од парискиот пејсаж, за нив пишува и Виктор Иго во своите дела.

Во 1901. година Париз ги наградувал оие кои смислувале најдобра техника за уништување на глодарите, а болестите кои ги пренесуваат, страдала третина од средновековната париска популација.

 

 

Жителите денес повторно го имаат истиот проблем. Се жалатдека ноќе ги сретнуваат во паркови, а дење во грмушки. Њујорк тајмс во 2016. година пишуваше дека Париз е соочен со најголемата криза со глодари во последните децении, а локалните власти велат дека нивниот број пораснал уште повеќе, поради што градското собрание издвоило милион и пол евра во септември 2017. година за спречување на нивното ширење.

Но, прашањето на глодарите ќе биде главна тема во одлучувањето за тоа кој ќе биде новиот градоначалник на Париз на изборите за година и половина.

Leave a Reply