Кумановските пожарникари во текот на изминатиот ден бележат три интервенции во доменот на својата работа, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Првата интервенција започнала завчера во 23:29 часот кога сува трева се запалила во атарот на селото Орашац. Со едно противпожарно возило тројца пожарникари излегле на терен и интервенирале до 01:15 часот по полноќ.
Втората интервенција била од 10:35 часот кога контејнер се запалил на булеварот „Трета МУБ“ во непосредна близина на градскиот пазар. Двајца пожарникари интервенирале 15-тина минути.
Интервенција со плинска бова во период од 12:45 до 13:15 часот бележат пожарникарите на улицата „Ангел Шајче“, а запален смет и слама тројца пожарникари гаснеле во период од 15:13 до 16:50 часот во атарот на селото Пчиња.

