Интерпол предупредува на опасности од фалсификување вакцини против Ковид-19

Сподели со своите пријатели

Меѓународната полициска организација Интерпол денеска предупреди дека меѓународната мрежа на организиран криминал може да се насочи кон новите вакцини против Ковид-19 и да се обиде да вметне во продажба лажни, фалсификувани вакцини.

Loading...

Интерпол соопшти дека е издадено глобално предупредување во 194 земји-членки на оваа организација, со препорака да се подготват за таква можност и оперативно, на терен и на виртуелната мрежа.

Предупредувањето се однесува и на можни обиди преку глобалната интернет мрежа да се најдат понуди за лажни терапии кои можат да го загрозат здравјето и животот на луѓето.

Јасмина Тасевска

Leave a Reply