Internet Explorer конечно згаснува

Сподели со своите пријатели

Долго најавуваното пензионирање на некогаш најпопуларниот прелистувач сега е официјално закажано бидејќи компанијата нема да го испорачува Internet Explorer со Windows 10 од 15 јуни 2022 година.

Loading...

Оваа промена нема да влијае на Windos 10 LTSC (канал за долгорочно сервисирање) што се користи во уреди чиј хардвер не се менува (магнетна резонанца, системи за контрола на летот и сл.).

Верзијата на серверот на Internet Explorer 11 и MSHTML (Trident) исто така нема да биде засегната. Повеќето корисници сепак ќе останат без IE.

Internet Explorer е дел од Windows повеќе од 25 години, но со доаѓањето на прелистувачот Edge во 2015 година, Microsoft полека го исклучува IE.

Поддршката за претходните верзии беше прекината во 2016 година, а Microsoft 365 и другите апликации ќе престанат да го поддржуваат Internet Explorer на 17 август. WordPress и Google Workspace се само некои од веб-услугите што престануваат да го поддржуваат IE.

Мајкрософт ги повика корисниците да се префрлат на Edge или друг прелистувач пред следниот јуни. Некаде од пред две години, тој има IE режим за сите страници на кои им треба Internet Explorer за правилно функционирање.

Многу компании имаат стари апликации и страници кои не работат добро на современите прелистувачи.

Мајкрософт ветува дека ќе има IE режим во Edge барем до крајот на 2029 година, така што компаниите ќе имаат доволно време да преминат на нешто друго.

Loading...

Leave a Reply