Факт кој веројатно малкумина го знаат е дека првите прослави на меѓународниот ден на жената, всушност се случиле на 19 март. Првпат денот на жената на 8 март почнал да се слави во 1914 година.
Првите прослави посветени на жените се одржале во САД во 1908 година, но тогаш немале меѓународен карактер.
Најпопуларни подароци за Меѓународниот ден на жената се цвеќе и чоколадо. Барем во повеќе земји во Европа. Некои други земји во светот имаат свои посебни обичаи во врска со овој празник.
28 земји во светот го слават 8 Март како официјален празник.
Меѓународниот ден на жената и исто толку и празник на женската убавина, интелект, напорна работа и грижливост колку што е прослава за нивната историска борба за еднаквост меѓу половите.
Нов Зеланд била прва земја на модерното време која на жените им дала право да гласаат, во 1893 година. Македонија тоа го сторила во 1945 година, кога била дел од поранешна Југославија.