Интензивно се работи на Спортската сала во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Интензивно се работи на Спортската сала во Куманово, објави викендов градоначалникот Максим Димитриевски на социјалните мрежи.

Loading...

 

 

Како што информираше Димитриевски, се поставува нов еластичен под за спортско борилиште, има ново современо озвучување, нова фасада и тоалети, како и нови ПВЦ врата и прозорци.

 

 

Loading...

Претходно беше поставено новото осветлување, но и новиот модерен висечки ЛЕД семафор кој ќе се наоѓа на центарот на конструкцијата.

 

 

Како што претходно најави кумановскиот градоначалник,  ќе следува и замена на санитариите, одводот, водоводот, лепење плочки и партерно уредување од надвор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово реализира бројни проекти со поддршка на меѓународни институции и прекугранични проекти

 

 

Loading...

Според техничката документација целиот проект требало да чини 6,5 милиони евра, но работите се завршени за нешто под 2 милиони евра, појаси Димитриевски претходно.

 

 

Спортската сала во Куманово е изградена 1980 година и има капацитет од околу четири илјади седишта.

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски