Интензивни контроли за мотоциклистите во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Интензивни контроли, превентивни кампањи, но и казнување, спроведува кумановската полиција изминатиот период за мотоциклистите.

Loading...

 

 

Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово од почетокот на годината, заклучно мај, биле изречени 174 казни.

 

 

Loading...

Најголем дел од казните биле за неносење заштитна опрема, но имало и три одземени мотоцикли  поради нерегистрираност и две за бучава.

– Отсекот за превенција при СВР Куманово континуирано спроведува превентивни кампањи. Покрај соработка со Мото клуб „Мечки“ се одржуваат едукативни работилници во сите основни и средни училишта. Исто така во непосредна комуникација со мотоциклистите, полициските службеници им укажуваат за важноста за носење заштитна опрема и почитување на сообраќајните правила и прописи, изјави Ивана Младеновска, портпарол на СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  75-годишен кумановец се заканувал на извршителка

 

 

Како што посочи Младеновска, целта не е само казнување, туку и превентивни кампањи кои ќе дадат акцент на младите мотоциклисти и нивните родители за поголемо внимание и грижа кон децата, но и зголемување на ообраќајната култура.

 

Loading...

 

– Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до сите учесници во сообраќајот да се однесуваат совесно и одговорно и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесат да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да допринесеме за посигурни патишта, додаде Младеновска.

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  10 казни во три угостителски објекти во Куманово

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

Никола Ивановски