Инструкторка по јога добила отказ затоа што е премногу убава

Сподели со своите пријатели

Дилек Едвардс (33), инструкторка по јога од Њујорк, добила отказ затоа што била премногу убава.

Едвардс добила отказ во Киропрактичен центар во кој работела како масажерка и инструкторка по јога.

Како рекла на медиумите, директорот Чарлс Николај и порачал дека ќе добие отказ со образложение дека тоа ќе го направи затоа што неговата сопруга можела да биде љубоморна на неа затоа што, како вели, била премногу убава.

Неколку месеци подоцна, неговата сопруга Стефани Адамс (46) навистина и испорачала отказ на инструкторката по јога.

Повеќе не си добредојдена во Киропрактичен центар Вол Стрит. Повеќе да не си пуштила чекор таму и држи се подалеку од мојот маж и семејството. не заборави, доби предупредување – било наведено во поракаа упатена кон Едвардс.

Инструкторката по јога по добивањето на отказот ја тужила компанијата за дискриминација затоа што како што вели не постоела ниту една оправдана причина да ја отпуштат.

Во меѓувреме, судот во Менхетен ја отфрлил нејзината тужба, тврдејќи дека причината како добила отказ затоа што е многу убава не може да послужи како основа за дискриминација.

Одборот за жалби на Менхетен навел дека вработените не може да добијат отказ поради пол, но дека во одредени околности, може да добијат отказ ако се „премногу убави“.

 

Loading...