Институциите во Куманово со препораки до населението со цел заштита од пожари

Сподели со своите пријатели

Поради честата појава на повеќе пожари истовремено и опасноста што ја претставуваат по животот и имотот на граѓаните, денес во Куманово се одржа состанок инициран од Отсекот за превенција при СВР Куманово.

Loading...

 

 

На состанокот присуствуваа претседателката на Советот на Општина Куманово, претседатели на месни и урбани заедници, како и претставници од ЈП „Национални шуми“, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи (ЦУК), општините Старо и Младо Нагоричане, ТППЕ – Куманово и ЕВН – Куманово.

 

 

Loading...

Меѓу заклучоците што беа донесени се издвојуваат: месните заедници веднаш да одржат состанок со жителите и да укажат на внимателна работа со земјоделска механизација. Притоа, комбајните задолжително да бидат опремени со противпожарни апарати и туби со вода.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Објавен оглас за ангажирање на 30 пожарникари во Куманово

 

 

Се препорачува секоја месна заедница да упати апел до населението сувата трева да се искоси и отстрани од домовите, додека кај објектите во близина на стрништа и шуми да се оформат заштитни појаси преку правење бразди.

Во рок од два дена, претседателите на месни заедници треба да го известат ЕВН во случај на спуштени електрични водови, заради навремена санација. Исто така, тие имаат обврска да ги информираат граѓаните да наполнат вода во туби и буриња, бидејќи, како што било посочено од ЕВН и ТППЕ, водата се исклучува при висок ризик од човечки жртви.