Итната медицинска помош, полицијата, пожарникарите, Црвениот крст и општината денеска во Куманово ја спроведоа вежбата „Поплава со поголем број повредени и давеници“.
Целта на вежбата е да се тестираат посебните стандардни оперативни процедури од Планот за подготвеност и одговор на здравствениот систем при справување со итни, кризни состојби и катастрофи на Република Македонија и Планот за одговор при кризни состојби на Општа Болница Куманово.
Loading...
На вежбата присуствуваа сите надлежни институции, а воедно и министерот за здравство Венко Филипче и градоначалникот Максим Димитриевски.
Според министерот Филипче организацијата е одлична од страна на надлежните служби, а воедно најави и ново возило за Итната медицинска помош во Куманово.
– Иницијалните мерења покажуваат дека сме неколку минути пред тајмингот така да сметам дека ова е доказ дека имаме навистина спремни служби кои можат да издејствуваат здравствена заштита дури и во ваква кризна ситуација, изјави министерот Филипче.
Највисоко ниво на професионалност покажаа службите и според првиот човек на Куманово, Максим Димитриевски, кој додаде дека градот е подготвен да се справи со вакви ситуации.
– Камо среќа да нема потреба да реагираме никогаш вака, но службите да бидат подготвени и им честитам на професионалноста на сите инволвирани институции, изјави Димитриевски.
Loading...
Вежбата беше под мониторинг на НВО Хера, Светската здравствена организација и УНФПА, при што акцент беше ставен на бремените жени и девојки како повредени во симулацијата.
– Подготвеноста на секоја држава е клучен фактор во надминување на ваквите состојби при природни катастрофи и конфликт. УНФПА ја поддржа Владата во изминатиот период да се приготви сеопфатен план за подготвеност при услови на кризи и ја поддржуваме изработката на годишни планови од кои дел е и денешната вежба, изјави Соња Таневска, помошник претставник на Фондот за население на УНФПА.
Претставникот на Светската здравствена организација Џихане Тавила вели дека ниту една земја не може да тврди деке заштитена од итни состојби и катастрофи, без разлика дали станува збор за поплави и земјотреси, или кризни состојби со раселени лица и бегалци.ж
– СЗО активно работи заедно со Министерството за здравство на зајакнување на националните капацитети и функции во областа на подготвеност и одговор на краизи за сите опасности, исто така и во спроведувањето на Меѓународниот здравствен правилник, вклучувајќи и подготвеност и безбедност на болниците, рече Тавила.
Loading...
Вежбата претходно беше најавена за да се спречи ширење паника кај населението од постојаното патролирање на службите за итна помош и звукот на сирените кои се ширеа низ градот.