Институциите спроведоа показна вежба за спречување на употреба на пиротехника (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Едукативна показна вежба за опасностите од пиротехнички средства денеска беше одржана на градскиот плоштад во Куманово, во организација на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Куманово и Отсекот за превенција при СВР Куманово, во соработка со волонтерите на Црвениот крст – Куманово.

 

 

Пред ученици и случајни минувачи беше изведена симулација на тешки повреди кои можат да настанат при употреба на пиротехнички средства, најчесто петарди. Во рамки на вежбата беа прикажани повреди на очи и раце, скинати делови од прсти и екстремитети, како и лица во бесознание, со цел реално да се долови сериозноста на последиците од ваквото несовесно однесување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Борбата на кумановскиот народ за храмот „Свети Никола“

 

 

По симулацијата, беше повикан мобилен тим на Црвениот крст кој демонстрираше укажување прва помош на повредените, по што лицата беа преземени од медицинска екипа на ЈЗУ Здравствен дом – Куманово.

 

 

Акцијата наиде на позитивен прием кај граѓаните и предизвика бројни позитивни реакции.

 

 

Надлежните институции уште еднаш упатија апел до јавноста, особено до младите и родителите, за зголемено внимание и почитување на забраната за употреба на пиротехнички и распрскувачки средства за време на претстојните празници, со цел да се спречат несакани повреди и трагични последици.

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски