Инсталацијата за Денови на комедија 2021 година изработена од сценографот Крсто Богојевски и архитектката Кристина Лозаноска предизвика интересни коментари и позитивни реакции на публиката.
Идејата како што посочуваат лицата што ја изработија е добиена од целокупната состојба во која уметноста во периодот кој беше зад нас малку запре и на нови начини се обиде да биде присутна до публиката.
Уметноста и културата како таква е постојана и променлива.
Инсталацијата Still moving значеше движење, постојаност, континуитет и промени.
Позитивната нишка кон новото време.
Токму таков е и Фестивалот Денови на комедија кој и покрај се опстојува и претставува бренд за градот Куманово.
За идната година во однос на околностите се предвидува уметничко решение кое ќе биде во склоп на јубилејот 25 години Денови на комедија.