Инстаграм последен во низата го блокираше Раша тудеј во 27 земји

Сподели со своите пријатели

Каналот RT објави копија од писмото на Инстаграм во кое се наведува во кои земји RT е блокиран.

Loading...

Тоа се Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Унгарија, Грција, Ирска, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска , Чешка, Кипар и Малта, пренесува ТАС С.

Компанијата „Гугл“ одлучи да ги блокира каналите на Јутјуб поврзани со телевизијата РТ и агенцијата Спутник во Европа, беше објавено утрово.

„Поради тековната војна во Украина, веднаш ги блокираме каналите на YouTube низ Европа поврзани со RT и Sputnik. Ќе биде потребно време за нашите системи целосно да го сфатат ова“, објави европската канцеларија на „Гугл“ на Твитер.

Блокиран е и каналот на Јутјуб на Спутник Србија, а дека се блокирани и нивните канали на Јутјуб потврдуваат и колегите од европските редакции.

Овој потег уследи по најавата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен дека Европската унија има намера да ги забрани државните руски медиуми, вклучително Спутник, РТ и нивните филијали, како дел од новите санкции наметнати на Русија за време на нејзината воена операција во Украина.

Во понеделникот, Инстаграм, Мета (поранешен Фејсбук) го ограничи пристапот до новинската агенција Спутник и РТ низ Европската унија.