Instagram на суд под обвинение дека собира биометриски податоци за корисниците

Сподели со своите пријатели

Инстаграм, кој е во сопственост на Фејсбук, се најде под обвинение дека нелегално ги собрал биометриските податоци на корисниците.

Loading...

Минатиот месец, социјалната мрежа понуди 650 милиони долари за спогодба во тужба во која тие беа тужени за нелегално собирање на биометриски податоци.

Во новата постапка, која беше поднесена на суд во Редвуд Сити, Калифорнија, компанијата беше обвинета за собирање, складирање и заработка на повеќе од 100 милиони корисници од биометриски податоци, без нивно знаење и согласност, пишува Блумберг.

„Судската постапка е неоснована. Инстаграм не користи технологија за препознавање лице“, напиша Стефани Отвеј, портпарол на Фејсбук во писмената изјава.

Корисникот на Инстаграм, Кели Велан од Илиноис изјавил во тужбата дека ја користи таа социјална мрежа од 2011 година и дека го крши законот за приватност во таа држава, според кој е забрането собирање на такви податоци без дозвола на корисникот.

Според нивниот закон, Инстаграм би можел да биде казнет со илјада долари за секоја повреда, или 5.000 долари доколку се открие дека зад сè имало намера.

Само на почетокот на оваа година Инстаграм започна да ги известува своите корисници за собирање на биометриски податоци, стои во тужбата.

Во предупредувањето се вели: „Ако воведеме технологија за препознавање лице во вашето искуство во Instagram, ние ќе ве известиме и ќе одлучите дали ќе ја користите“.

Loading...

Leave a Reply