Инстаграм и Фејсбук наскоро почнуваат да блокираат вести во Канада

Сподели со своите пријатели

Во наредните недели, компанијата Мета ќе започне со блокирање на објавите на порталите и телевизиските станици на Инстаграм и Фејсбук во Канада, откако земјата го усвои Законот за онлајн вести, кој бара социјалните мрежи да плаќаат такси на локалните медиуми за прикажување на нивната содржина.

Loading...

Одлуката на „Мета“ предизвикува загриженост кај експертите и медиумските компании кои велат дека ќе поттикне ширење лажни вести и дезинформации, како и дека негативно ќе се одрази на локалните медиумски куќи, пренесува американската телевизија Ен-Би-Си.

Вестите наскоро може да бидат отстранети од Гугл во Канада, бидејќи компанијата во јуни соопшти дека тоа ќе го стори кога законот ќе стапи на сила затоа што одбива да плаќа авторски права за содржината.

Канадската државна телевизија CBC рече дека одлуката на Мета „значи дека луѓето во Канада, кои се потпираат на овие платформи за да најдат вести и информации за нивната земја, сега имаат само непроверени извори на нивните доводи“.

Од друга страна, од „Мета“ велат дека ќе продолжат да се борат против дезинформациите на нивните платформи со проверка на фактите за преостанатите содржини преку организациите со кои соработуваат.

Одредени медиуми веќе некое време ги повикуваат своите следбеници да ги бараат нивните вести на други платформи или директно на нивните портали.