СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С.(53) од Скопје – државен фитосанитарен инспектор поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информираат од Министерсвото за внатрешни работи.
Пријавениот на Граничниот премин „Табановце“ во Одделението за инспекциски надзор без претходно отворен предмет со доставена пријва за фитосанитарен преглед и останатата документација која ја прати пратката при увоз без извршена проверка на идентитетот на пратката, здравствениот проблем на растенијата стиснал штембил со зелена боја со натпис „пратката не е заразена со карантинска болест или штеточина“ и се „одобрува“ потпишан со негов скратен потпис и заверен со печат од државниот инспекторат, а втиснувањето на печатот не го евидентирал во евиденцијата што се води во инспекторатот.
За сето горе наведено од страна на СВР Куманово претходно е поднесена кривична пријава против П.М. од Скопје за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ кој набавил семенски материјал од растителниот род „канабис“ за наводно научен труд кој по преземени мерки е утврдено дека никаде не бил пријавен.