Една ТикТокерка објави серија слики на Инстаграм на кои покажа како осветлувањето во гардеробите во продавниците може драстично да го промени изгледот на телото во огледалото.
Имено, инфлуенсерката Бри Ленехан често зборува за позитивен однос кон своето тело, а на фотографиите ја покажала разликата во изгледот на телото кога позира и кога е опуштена, пишува The Sun.
Во описот на објавата, таа напиша дека искуството со пробување облека во гардеробите на различни продавници може да биде збунувачки и фрустрирачки, а истакна дека силно осветлување и огледала што покажуваат различни агли можат да имаат навистина лошо влијание врз себе- доверба.
– Еден од предизвикувачите кои ме принудија да одам на строга диета, пред многу години, беа токму гардеробите и нивното страшно осветлување. Ќе ја уништија секоја самодоверба што ја имав и откако ќе пробам облека секогаш ќе завршев во солзи – напишала инфлуенсерката.
Таа покажа и како изгледа нејзиното тело кога позира и кога е целосно опуштена, за да ја покаже разликата, а се сликаше и во тесен фустан во кој изгледаше витко, а потоа на друга слика во долна облека покажа дека и таа има неколку несовршености.
Таа рече дека сакала да ги сподели овие фотографии за да им покаже на луѓето дека таквите работи не треба никому да го уништат денот и дека треба да се чувствуваме добро во своја кожа.
– Можно е да бидете задоволни со вашето тело и тоа нема врска со менување на вашиот изглед. Поголемиот дел од времето самите си сме најостри критичари, па кога станува збор за сликата на телото, се работи за тоа како се гледаме себеси – продолжи таа.
Многу корисници во коментарите и се заблагодарија што е искрена и што сподели дека има несовршености како и сите други.
– Ви благодарам за ова, веднаш се чувствувам подобро за своето тело – напишал еден корисник.