„Инфлуенсерка“ открива како месечно заработува и до 56.000 евра (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Сакале да признаеме или не, денес инфлуенсерките, односно личностите кои имаат големо влијание на социјалните мрежи, заработуваат многу пари преку интернет. Иако изгледа дека ништо не работат, британската ѕвезда Зоела открива дека оваа работа бара голем труд и напор.

Не е тајна дека денес многу познати личност живеат благодарение на интернетот. Една од нив е инфлуенсерката Зоела која открива на кој начин заработува до 56.000 евра месечно.

https://www.instagram.com/p/BTUfPjzjXHt/?utm_source=ig_embed

Loading...

Зоела е професионална шминкерка која секојдневно објавува фотографии и видео снимки на Инстаграм и Јутјуб. Како вели, нејзиниот пат до успехот не бил нималку лесен, како што тоа на многумина им изгледало.

– Тоа е работа која бара голем трду и напор, секојдневно. Тоа е „фул-тајм џаб“, објаснила за „Метро“.

https://instagram.com/p/BbAB-UdBMCX/?utm_source=ig_embed

Ѕвездата на социјалните мрежи, која денес ја следат дури 12 милиони луѓе, својата кариера ја започнала пред девет години. Се започнало од правење видео материјали на кои покажува техники за шминкање. Со текот на годините добивала илјадници следбеници.

Со време бројот на оние кои секојдневно го следат нејзиниот труд, но и ги слушаат нејзините совети расте, а Зоела истакнува дека зад нејзиниот успех се крие голем труд затоа што не е лесно да се пробие во онлјан светот и да се оствари висока награда.

– Патот кон успехот на Инстаграм подразбира повеќе објави на ден, а на Јутјуб каналот барем еднаш неделно.

https://www.instagram.com/p/BVaL0G-gK-t/?utm_source=ig_embed

Многу бизнис портали даваат совети како во чекори да градите мрежа пријатели и истакнувајќи се себе и својата работа на популарните социјални мрежи, Зоела вели:

– Освен трудот и времето кое треба да го вложите, но и парите, морате да имате добра идеја и разработен план. Клучно е тоа да го правите од љубов, да верувате во себе и да не се откажувате, заклучила таа.

Leave a Reply